Лучијано Спалети се соочува со сериозен проблем во пресрет на вечерашното гостување на Наполи против Милан, откако тренерот на „наполитанците“ остана не само без првиот голгетер Осимен, туку и без неговата прва замена Џовани Симеоне. Згора на тоа, повреден е и третиот напаѓач Распадори, кој сепак тренираше вчера и има 50-50 шанси да настапи на „Сан Сиро“. Ризикот од повредата сепак е голем, а Спалети на два часа пред натпреварот ќе донесе одлука дали сепак да стартува со Распадори, или пак да му даде шанса на Елиф Елмас, кој тренираше како „лажна деветка“ во последните неколку дена, подготвувајќи се за овој натпревар.
На спротивната страна, Милан нема проблеми со составот, па тренерот Пиоли повторно ќе се „крсти“ во тандемот Брахим Дијаз – Леао, кој ги растури „наполитанците“ на последниот лигашки натпревар на „Диего Марадона“ стадионот.
Отсуството на левиот бек Менди веќе не е преголем проблем за Карло Анчелоти, бидејќи младиот Камавинга се покажа како одлична опција за оваа позиција во тимот на Реал Мадрид. Камавинга ќе стартува како лев бек и против Челси, клуб кој се мачи во Премиер-лигата, но се надева на чудо во пресметките со актуелниот првак на Европа.
МИЛАН – НАПОЛИ
МИЛАН: Мењон, Калабрија, Хернандез, Кјаер, Томори, Бенасер, Тонали, Круниќ, Дијаз, Леао, Жиру.
Отсутни: /
НАПОЛИ: Мерет, Ди Лоренцо, Ким, Рахмани, Руи, Лоботка, Ангиса, Зиелински, Лозано, Кварацкелија, Елмас (Распадори).
Отсутни: Осимен, Симеоне.
РЕАЛ МАДРИД – ЧЕЛСИ
РЕАЛ: Куртоа, Карвахал, Милитао, Ридигер, Камавинга, Чуамени, Крос, Модриќ, Валверде, Бензема, Винисиус.
Отсутен: Менди. Неизвесен: Алаба.
ЧЕЛСИ: Кепа, Џејмс, Чилвел, Кулибали, Фофана, Канте, Ковачиќ, Фернандез, Стерлинг, Хаверц, Жоао Феликс.
Отсутни: Тијаго Силва, Азипликуета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

