Натпреварот од англиската Премиер-лига помеѓу Арсенал и Челси, кој требаше да се одигра на 29. април, од безбедносни причини е одложен за 2. мај.
Во целата приказна е само нејасно кои се безбедносните причини за поместување на натпреварот меѓу двата лондонски тима на три дена.
„Во февруари, 29. април беше одобрен како датум за играње на натпреварот, но по дополнителните состаноци со Метрополитенската полиција и Советодавната група за безбедност, беше одлучено натпреварот да се игра во различно време“, стои во соопштението на Премиер-лигата.
Лидерот во Премиер-лигата, Арсенал, ќе добие дополнителни три слободни дена за да се соочи со градскиот ривал бидејќи на 26. април ќе го одигра клучниот натпревар против второпласираниот Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

