Најдобриот фудбалер на Манчестер јунајтед сезонава, Маркус Рашфорд ќе мора да паузира неколку натпревари откако се повреди за време на победата на Манчестер Јунајтед над Евертон во последниот натпревар од Премиер-лигата.
Ерик тен Хаг нема да може да смета на Рашфорд за четвртфиналниот натпревар на Лигата на Европа против Севилја во четврток поради повреда на мускулот.
„Црвените ѓаволи“ ја објавија веста за нивниот тим пред дуелот со Севилја во Лига Европа во четврток. Напаѓачот би можел да биде надвор од двата меча од четвртфиналето, како и од премиерлигашката пресметка со Нотингем Форест овој викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

