Ал Наср, клубот кој стана познат по доведувањето на Кристијано Роналдо, се одлучи да го смени тренерот Руди Гарсија. Саудијците имаат голема желба да донесат големо тренерско име, а наводно изборот паднал на Жозе Мурињо, актуелниот тренер на Рома. Челниците на Ал Наср се подготвени да го направат најплатениот тренер на сите времиња.
Ал Наср веднаш сака да го седне Португалецот на клупата, за да ја освои титулата во Саудиска Арабија. Меѓутоа тој има големи планови со Рома, и сака низ италијанскиот шампионат да се пласира во Лигата на шампионите. Но, саудијците одат дотаму што се подготвени дури и да му го доделат местото на селектор на Саудиска Арабија, само да ја прифати понудата.
Ако Мурињо прифати, тогаш повторно ќе соработува со Кристијано Роналдо, откако беа заедно во Реал пред 10 години. Роналдо под водство на Португалецот постигна 60 гола во една сезона, а Реал стана првиот клуб кој стигна до бројката 100 бодови во шпанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

