Ѓорческа сопрена на стартот на фјучрс во Италија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на самиот старт го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот во италијанскиот град Санта Маргарита ди Пула.

Тетовчанката на фјучрсот вреден 25.000 американски долари во првото коло беше поразена од 300 места послабо рангираната на ВТА листата, Италијанката Лиза Пигато со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-0.

Првиот сет Италијанката го доби со 6-3, додека во вториот не и дозволи ниту еден гем на македонската тенисерка.

Се вчитува...