Жоао Кансело има најголеми шанси за освојување на трофејот во Лигата на Шампионите оваа сезона. Португалскиот фудбалер кој сезоната ја започна во Манчестер Сити во зимскиот трансфер рок се пресели во Баерн Минхен како позајмен играч, а еден од овие два клуба сигурно ќе се најдат меѓу најдобрите четири.
По првиот четвртфинален натпревар на англискиот и германскиот тим поблиску до тоа се „граѓаните“ кои славеа со 3-0, а доколку баварците не успеат да направат сензација во Минхен тогаш ќе го имаат Кансело како најголем навивач.
Канесло во моментот е позајмен играч од Манчестер Сити, но неговиот перманентен трансфер на „Алијанц Арена“ се очекува ова лето кога Германците ќе треба да одвојат 70 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

