Капитенот на фудбалската репрезентација на Македониј Стефан Ристовски и Динамо Загреб се договорија за продолжување на соработката до 2025 година.
Ристовски во Динамо дојде од Спортинг во февруари 2021 година, и брзо се наметна како еден од носителите на најтрофејниот хрватски клуб. Играше со екипата и во групната фаза во Лигата на шампионите.
По продолжувањето на договорот тој вели дека е многу среќен и горд што ќе остане дел од хрватскиот шампион.
„Многу сум среќен и горд за продолжувањето на договорот, зашто Динамо е клуб кој ме исполнува и за кој сум подготвен да се борам од меч во меч и да го оставам срцето на терен. Јас сакам да му заблагодарам на клубот зашто практично во пет минути договоривме се, новиот договор и условите кои за мене беа задоволувачки“, рече Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА