Медведев сигурен на стартот во Монте Карло

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Данил Медведев одлично го стартуваше настапот на првиот турнир на земја во Монте Карло. Русинот откако беше слободен во 1. коло, во 2. рунда на АТП мастерс 1000 турнирот славеше против Италијанецот Лоренцо Сонего со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.

Во осминафиналето рускиот тенисер за противник ќе го има големиот ривал, Германецот, Александер Зверев кој денеска исто така со максимални 2-0 (6-4 и 6-4) славеше против Шпанецот, Роберто Баутиста – Агут.

Во осминафиналето пласман обезбедија и: Јаник Синер, Карен Хачанов и Каспер Руд.

Се вчитува...