Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски откако беше елиминиран во сингл конкуренција, успешно го стартуваше својот поход во игра на двојки на ИТФ фјучрсот во хрватски Сплит.
Македонскито тенисер заедно со својот партнер, домашниот Лука Микрут во воведното коло во игра на парови славеше над британскиот тандем Скот Данкан/Маркус Вилис со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.
Во второто коло Ивановски и Микрут за противници ќе ги имаат Аргентинците, Мариано Навоне и Хуан Баутиста Торес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

