Ракометарите на Јуниор Кисела Вода ја прават интересна борбата за опстанок во ракометната Суперлига, откако денеска во натпревар од 9. коло во плеј-аут фазата славеа над Голден Арт со 22-18.
Тимот на Голден Арт водеше во текот на цело прво полувреме во кое стартуваше импресивно (2-7), а на полувреме имаше и плус три (10-13). Последен пат Голден Арт водеше 15-17, по што следеше серија од 4-0 на Јуниор Кисела Вода со која поведоа со 19-17, а сето тоа беше доволно за конечен триумф од 22-18. Во победничкиот тим Дарио Симоновски со осум гола беше најпрецизен, додека кај поразените Христијан Милошески постигна шест.
Вардар Неготино без проблеми славеше на домашен терен против отпишаниот Радовиш со 33-22. Лазар Адамовиќ со 10 гола беше најдобар поединец во таборот на победничкиот, додека кај поразените шест постигна Филип Трајанов.
Во последниот меч од денешната програма во плеј-аутот Прилеп на домашен терен славеше над Скопје со минимални 19-18. Вчера Струга славеше на гостувањето кај МРК Куманово со 25-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА