Спалети не штедеше пофални зборови за Елмас: Богатство е еден таков олраунд-играч во тимот!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас принудно мораше да игра „лажна деветка“ на синоќешниот натпревар против Милан во Лигата на шампионите во првиот тим на Наполи.

Во отсуство на повредените Виктор Осимен и Џовани Симеоне, Елмас ја доби довербата на Спалети во нападот и дефинитивно ја оправда истата.

Наполи беше подобар тим, но не успеа да реализира неколку одлични шанси, меѓу кои и една на Елмас во 50. минута кога со глава ја погоди гредата од голот на домашните.

„Од Елмас добивме континуиран и балансиран притисок во нападот кон противникот, со што не им дозволуваше чиста игра за да ние потоа ја градиме нашата игра. Покажа дека може да одговори на секоја задача. Можеби да имавме вистински напаѓач ќе создадевме повеќе шанси, но со Елмас во нападот полесно ја добивавме топката затоа што постојано ги тераше на грешки“ – не штедеше пофални зборови и тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, за играта на македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...