Поранешниот играч на Вардар и Силекс, Александар Пановски е нов тренер на Борец

ФК Борец е на пат кон третолигашката конкуренција по лошата сезона, закован на дното во второлигашката конкуренција.

По лошите резултати низ сезонава но кои се последица пред се на состојбата во која се наоѓа клубот, Борец му се заблагодари и ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Карчев Никола.

Како што информираат од клубот, во иднина ФК Борец ќе му даде шанса на досегашниот играч Александар Пановски од Велес да ја води екипата и биде прв тренер на екипата до крајот на првенството. Негов прв помошник ќе биде Панче Нанев од Академија Нацев.

34-годишниот Пановски е поранешен играч на Силекс, Пехчево, Слога Виница, Тетекс, Осогово и Вардар а сега, покрај играч, ќе ја преземе и тренерската палка на Борец.

Се вчитува...