Френк Лампард му ја честиташе заслужената победа на Реал Мадрид откако стратегот на Челси призна дека неговиот тим не успеал достојно да му парира на актуелниот европски првак.
Поранешниот англиски репрезентативец не успеа да го разбуди „заспаниот џин“, Челси делува заспано како и под водство на Грем Потер, а со секој ваков натпревар Лампард ги губи ионака малите шанси да добие долгорочен договор по крајот на сезонава.
„Знаевме дека Реал Мадрид е силен тим, но не знаевме дека се баш толку силни. Резултатот е реален, но на моите играчи им реков дека на „Стемфорд бриџ“ може да се случи чудо. Јас прв не смеам да се откажам, морам да верувам во мојот тим. На тренинзите работиме напорно, ставаме акцент и на реализацијата на шансите, но многу важна улога во сето ова има и самодовербата на самите фудбалери. Верувам дека со напорна работа, таа самодоверба ќе се врати“, изјави Лампард по мечот во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

