Ракитиќ по крајот на играчката кариера станува тренер

Доскорешниот храватски репрезентативец, Иван Ракитиќ е на залезот на богатата играчка кариера, а плановите за иднина ги откри во интервју за шпанскиот медиум „Ас“ каде вели дека сака да заплива во тренерските води.

Освојувачот на сребрениот медал од Светското првенство во 2018 година веќе го започнал процесот на обука, а вели и дека образованието многу му помогнало во самата игра.

„Желба ми е да имам тренерска лиценса и веќе стапив во контакт со Фудбалската федерација на Хрватска. Таа диплома многу ќе ми значи за животот по завршување на кариерата. Стекнувањето на тоа образование е многун апорно и тешко. Кога си на теренот не разбираш многу работи кои се случуваат околку тебе па истото и многу ми помогна“, открива Ракитиќ.

Се вчитува...