Во текот на минатата ноќ, младата 18-годишна одбојкарка Јулија Итума го загуби животот во Истанбул, каде нејзиниот тим гостуваше и требаше да игра против турската екипа Екзачибаши.
Според информациите, одбојкарката паднала од прозор од хотелската соба каде престојувала екипата. Причините за падот и трагичниот настан и натаму се непознати на истражните органи на Турција.
Починатата Итума е родена во Милано, а нејзините родители се од Нигерија. Многумина и предвидуваа блескава кариера со оглед на нејзиниот импресивен талент.
Dramma nel volley: è morta Julia Ituma, giocatrice dell’Igor Novara
L’opposto aveva 18 anni#DAZN pic.twitter.com/kzFlqMmhDp— DAZN Italia (@DAZN_IT) April 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА