Оваа снимка го покажува почетокот на проблемите во Баерн: Лоша акција, а потоа… (ВИДЕО)

Во Баерн Минхен работите се далеку од контрола. Ниту тренерската смена не донесе шок-терапија. Повеќе шок отколку терапија, со оглед дека Баерн е веќе во „аут“ од Купот на Германија, а веројатно ќе нема ништо ниту од прехарот во Лигата на шампионите, после поразот од 3-0 од Манчестер Сити на „Етихад“.

Во последно време медиумите во Германија пишуваат за караница меѓу Сане и Мане после дуелот со Сити. На интернет кружи снимка во која се покажува од каде почнал тој конфликт.

Сане во еден момент лошо го проигра Мане, Аке тоа го пресече и веднаш следуваше опасна акција на Сити, по што Мане и Сане имаа кус разговор, кој продолжил со конфликт во соблекувалната.

Се вчитува...