„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Асенсио е најдобрата замена во историјата на ЛШ

Фудбалерите на Реал Мадрид со предност од 2-0 ќе патуваат на реванш натпреварот во Лондон од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите против англискиот премиер-лигаш Челси.

Стрелец на вториот гол за „кралевите“ беше Марко Асенсио. За Шпанецот ова е деветти гол како замена во Лигата на шампионите со што е убедливо најдобар фудбалер во овој статистички сегмент.

Се вчитува...