Надал ја пропушта Барселона, под знак прашалник и Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најверојатно ќе го пропушти следниот турнир во Барселона, а во моментов не е премногу реално да учествува на Мастерсот во Мадрид, пренесува „Ас“.

Надал се здоби со повреда на Австралија опен и оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар. Според шпанскиот весник, 90 отсто го пропушта турнирот во Барселона од серијата 500.

Што се однесува до учеството на Мастерсот во Мадрид, тоа е се уште под знак прашалник. Надал заработи повреда на колкот во второто коло на Австралија опен против Мекензи Мекдоналд.

Тој претрпе пораз и тоа му беше последен натпревар. Неодамна се врати на тренинзите, но сепак реши да го пропушти Мастерсот во Монте Карло каде освои 11 трофеи. Се покажа дека тоа не е само мерка на претпазливост и дека му треба уште време за целосно закрепнување.

Се вчитува...