Шведски фудбалер има неизлечива болест: „Ја видов смртта“

29 – годишниот шведски фудбалер Јаспер Бјоркман, боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС). Тоа е сериозна болест за која нема лек, а повеќето луѓе умираат во рок од две до пет години од почетокот на симптомите.

Во текот на фудбалската кариера имаше повреда на клучната коска, а пред една година почна да чувствува болки во левата рака. Мислел дека тоа е последица на повреда, но побарал лекарска помош. Отпрвин мислеле дека се работи за мултифокална моторна невропатија, но болката не престанала. Затоа побарал второ мислење и му била дијагностицирана АЛС.

„Бевме уништени, плачев, не можев да прифатам дека сум смртно болен. Видов само смрт“, изјави Бјоркман. 

Во својата кариера Бјоркман настапуваше за клубови од првата и втората шведска лига, од кои најпознат е Хелсингборг.

Се вчитува...