Вест Хем со реми се враќа од Белгија по првиот четвртфинален меч во Конференциската лига (ВИДЕО)

Вест Хем има позитивен резултат од гостувањето против Гент во Белгија во првиот натпревар од четвртфиналето во Конференциската лига.

Англичаните ремизираа, 1-1, откако најпрво поведоа со голот на Инг во 45. минута од средбата.

Но, домашните успеаја да се извлечат од пораз со голот на Кујперс во 57. минута.

Се вчитува...