Еурофарм Пелистер забележа минимална победа на гостувањето против Алкалоид, по што битолчани повторно се во игра за првото место и титулата, за кое ќе решава дербито на домашен терен против Вардар. Алкалоид покажа квалитет и карактер враќајќи се од „минус три“ во финишот, но „децата“ на Лазаров за разлика од последното дерби со Вардар, овојпат немаа среќа во завршната минута да го свртат резултатот во своја полза.
Она што радува, дербито беше одиграно во стопроцентно спортска атмосфера, со навивачи на двете екипи кои максимално спортски и кокретно им даваа поддршка на своите избраници.
Крајот беше во корист на битолчани, но нема сомнеж дека Алкалоид ќе извлече поука од овој пораз, а избраниците на Лазаров ќе бидат уште посилни во сезоните што следат…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА