Црвена Звезда му го загорчи патот на Фенербахче кон плеј-офот во Евролигата

Кошаркарите на Црвена Звезда иако, за нив, безначаен натпревар го победија Фенербахче во последното коло од регуларниот дел во Евролигата по продолжение со 91-89, па сега го донесоа под знак прашалник и учеството на турскиот тим во плејофот од најквалитетното европско клупско натпреварување.

Фенербахче сега треба да се надева Басконија и Жалгирис да доживеат порази во последното коло, затоа што во спротивно би можел да заврши на деветтата позиција на табелата. Сега корист има и за Партизан, кој со победа над Панатинаикос утре би можел да заврши на петтото место на крајот од регуларниот дел.

А, во Белград, во главно израмнет натпревар „црвено-белите“ до победата дојдоа со поконцентрираната игра во продолжението.

Факундо Кампацо беше најдобар кај белграѓани со 24 поени, а Огњен Добриќ мечот го заврши со 22 поени. Џонатан Мотли беше најдобриот поединец кај Фенербахче со 27 постигнати поени.

Се вчитува...