Фиорентина, се чини, веќе сосема извесно е во полуфиналето на УЕФА Конференциската лига откако во првиот четвртфинален натпревар славеше со убедливи 1-4 на гостувањето против Лех во Познањ.
Тимот од Фиренца победата ја најави со головите на Кабрал и Гонзалез уште во првото полувреме, а во вториот дел погодија и Бонавентура и Иконе.
На добар пат кон полуфинале е и Андерлехт кој на домашен терен славеше со 2-0 против АЗ Алкмар. Стрелци на головите за победи на белгискиот тим беа Муриљо во првото полувреме и Ашимеру во вториот дел.
Базел и Ница, пак, во последниот четвртфинален натпревар одиграа без победник, 2-2, на натпреварот во Швајцарија. Претходно, Гент и Вест Хем исто така ремизираа на дуелот во Белгија, 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

