ФА пресуди: Судијата не е виновен за удирањето на фудбалерот на Ливерпул

Фудбалската Асоцијација на Англија реши да не го суспендира Константин Хацидакис, помошниот судија кој направи сериозен инцидент на полувремето од мечот меѓу Ливерпул и Арсенал удирајќи го со лакотот домашниот фудбалер Енди Робертсон.

„Црвените“ уште на паузата протестираа за односот на помошниот судија, ФА реши тој да не ја дели правдата минатиот викенд, за синоќа да биде обелоденето дека Хацидакис нема да биде дополнително анкциониран за удирање со лакотот во пределот на вратот на играчот на Ливерпул.

„Внимателно ги прегледавме сите докази во врска со инцидентот и истрагата е завршена, нема да има никаква санкција. Го разгледавме видео-материјалот од сите можни агли, а во текот на истрагата беа земени и детални изјави од таборот на Ливерпул“, објави ФА.

Се вчитува...