Супер вест за Наполи – се враќа Осимен

Наполи ќе биде значително засилен за клучниот период од сезоната откако Виктор Осимен ги надмина проблемите со повредата и е подготвен за камбек на терените.

Најдобриот стрелец на „наполитанците“ поради незгодна повреда беше „во аут“ во последните петнаесетина дена, но откако тренираше со остатокот од тимот по мечот со Милан во ЛШ, Спалети реши да го вклучи Осимен на списокот на играчи за утрешниот меч против Верона.

Нигерискиот репрезентативец натпреварот ќе го почне од клупата за резерви, но планот на „наполитанците“ е тој да одигра дваесетина минути и да влезе во натпреварувачки ритам, за потоа да биде стартер на реваншот од четвртфиналето на Лигата на Шампионите против Милан.

Спалети најавува бројни измени во стартниот тим против Верона, што речиси сигурно ќе значи и заслужен одмор за Кварасхелија.

Се вчитува...