Српскиот центар Никола Јокиќ разговараше со американските медиуми за актуелната ситуација во НБА лигата и амбициите по двете МВП-признанија да се закити и со најголемиот трофеј – шампионски прстен.
Денвер го заврши регуларниот дел од сезоната на првото место во Западната конференција, а Јокиќ вели дека ако ја освои титулата, тоа значи дека е најдобар во светот.
„Тоа би значело дека ние сме најдобри во светот, дека Денвер е најдобриот тим во светот. Се обидувам да одам чекор по чекор и да размислувам само за победа на следниот натпревар, не ми е грижа што е на финишот. Најважно е дека сите сме здрави, среќен сум што сега е таква ситуацијата“, вели Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

