Клубовите од англиската Премиер-лига изгласаа забрана за рекламирање на обложувалниците и казината од почетокот на сезоната 2026/2027.
Во моментов осум од 20. клубови во елитното ниво на англискиот фудбал го носат логото на обложувалниците на предната страна, кои се и нивни генерални спонзори.
Клубовите на состанокот изгласаа дека обложувалниците повеќе нема да се промовираат на овој начин, почнувајќи од крајот на сезоната 2025/26, за да може да се испочитуваат повеќето актуелни договори пред да се имплементира оваа промена.
Клубовите сепак ќе можат да земаат спонзорски пари од обложувалниците и казината, но големото лого на предниот дел од дресот ќе биде забрането за да не се промовираат обложувалниците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

