Браун е тренер на сезоната во НБА-лигата

Сакраменто кингс по пауза од 17 години се избори за место во плејофот во НБА-лигата, а најзаслужен за тоа е тренерот Мајк Браун, кој без преголеми „ѕвезди“ во тимот успеа да состави силен колектив со кој ќе се најде во доигрувањето.

Затоа, сосема заслужено Браун е избран за најдобар тренер во сезоната во НБА-лигата, како мотив повеќе пред наредниот предизвик – плејоф серијата против шампионот Голден Стејт.

Претходниот освојувач на ова големо признание, Монти Вилијамс од Феникс санс, овојпат мораше да се задоволи само со втората позиција во гласањето.

Се вчитува...