Монте Карло: Пораз на Циципас, триумф на Рубљов

Тејлор Фриц и Андреј Рубљов се првите полуфиналисти на Мастерс-турнирот во Монте Карло, откако излегоа како победници од четвртфиналните пресметки со Стефанос Циципас, односно Јан-Ленард Штруф.

Особено импресивно делуваше Фриц, кој одигра маестрално против Циципас, рутински славејќи со 2-0 во сетови. Американецот го отвори мечот со два брејка на сервис на противникот, лесно добивајќи го првиот сет со 6-2. Циципас само за момент се консолидираше, но потоа уште два пати ги загуби сервисот пред крајот на вториот сет (при 3-3 и при 4-4), за на крајот да загуби со 6-2, 6-4.

Рубљов не виде мака во пресметката со Штруф, триумфирајќи во првиот сет со 6-1, а потоа во тајбрејкот од вториот со 7-5, за  пласман во полуфиналето каде го очекува токму дуел со Фриц.

Се вчитува...