Уште едно изненадување во Монте Карло

Денешниот ден на Мастерс-турнирот во Монте Карло донесе ново изненадување, откако по Стефанос Циципас настапот го заврши и Данил Медведев.

Рускиот тенисер синоќа со фантастичен камбек го совлада Александар Зверев, но денеска немаше сили за изненадување против Холгер Руне, губејќи со 0-2 во сетови. Мечот траеше 78 минути, во кои Руне целосно го диктираше темпото, не дозволувајќи му на Медведев да преземе контрола над мечот.

Првиот сет заврши во корист на Руне со 3-6, за во вториот двајцата да направат по еден брејк и да најават неизвесна завршница. Медведев потклекна при 4-4, кога повторно го загуби сопствениот сервис, по што противникот славеше со 4-6 и си обезбеди пласман во полуфиналето.

Таму Руне ќе го очекува подобриот од последната четвртфинална двојка меѓу Синер и Мусети.

Се вчитува...