Вардар и Гостивар одиграа натпревар без голови во 24. коло од Втората македонска фудбалска лига на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Сето тоа, само за останување „статус-кво“ ситуацијата на врвот од табелата пред финишот од сезоната во трката за елитата.
Немаше многу што да се издвои од денешниот дуел, иако главните возбудувања беа пред се во првото полувреме кое беше далеку поинтересно.
Пред преполните трибини на „Борис Трајковски“, Вардар беше подобар со неколку шанси на Размоски и Глишиќ во првиот дел, додека Каланоски и Рамадани имаа полушанси кај Гостивар.
Најголемата можност Вардар ја имаше во последните секунди од првото полувреме кога Десниќ беше во шанса, но гостите од гол – линијата ја извадија топката, спасувајќи ја својата мрежа.
Гостиварци цело второ полувреме го играа и со играч помалку откако гостинскиот стопер Стојчевски доби директен црвен картон во финишот на првото полувреме со што ги остави своите соиграчи со играч помалку. На крај за позадоволително реми за гостите кои на минус само еден бод од Вардар, а сега и со само еден бод зад лидерот Воска Спорт кој има и натпревар помалку. Воска Спорт е прва со 56 бода, колку и Вардар а трет е Гостивар со 55 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА