Ново лудило на газдата на Челси: Бланко чек за тинејџерот на Барселона

Тод Боели веќе потроши 600 милиони фунти на нови засилувања, но американскиот милијардер нема намера да потроши со наивните потези во обид од Челси повторно да направи тим со шампионски амбиции.  Последните информации говорат дека Американецот е подготвен да потроши богатство за да го убеди Гави да му се приклучи на „Стемфорд бриџ“, но никој не знае колку точно изнесува понудата – бидејќи „бисерот“ на Барса добил бланко чек како дел од убедувањето да потпише договор со Челси.

Како што е добро познато, Гави летово ќе стане слободен играч откако Ла Лига го поништи професионалниот договор што тој го потпиша со Барселона пред неколку месеци, па суперталентираниот тинејџер би можел без никаква отштета да си замине од „Камп Ноу“. Приоритет на Гави останува да потпише нов договор со Барса, но Боели инсистирал на средба со неговиот агент, на која оставил бланко-чек за Шпанецот самиот да избере колкава плата би земал на „Камп Ноу“.

Пораката е фигуративна, но Американецот јасно ставил до знаење дека ќе ги исполни сите барања на одличниот играч, само да го убеди да се пресели на „Стемфорд бриџ“.

Инсистирањето на ангажманот на уште еден играч за врска по Енцо Фернандез е јасен знак дека Челси се подготвува за ремонт на овој дел од тимот, Канте ќе си замине како слободен играч, а на продажба ќе бидат ставени и Ковачиќ, Маунт и Галахер, кои влегуваат во последната година од договорите што ги имаат со „сините“.

Се вчитува...