Сопственикот на Далас маверикс, Марк Кјубан, ќе мора да плати огромни 750.000 долари како казна што неговиот тим намерно го загуби дуелот со Чикаго во завршницата од оваа сезона.
Далас со победа можеше да си ги задржи шансите за пласман во плејин-натпреварувањето, но реши да ги одмори Лука Дончиќ и уште неколку кошаркари. Згора на тоа, тренерот и играчите во изјавите по мечот „меѓу редови“ ставија до знаење дека било одлучено дека е подобро сезоната да заврши предвреме, што резултираше со рутински пораз од „биковите“.
„Тимот на Далас маверикс е казнет со 750.000 долари за прекршување на правилата за одморање на играчи. Луѓето од Далас преку своите дејствија, но и изјави по натпреварот покажаа дека победата против Чикаго не им беше во преден план, туку се сакаше преку пораз да се стигне до подобра позиција на претстојниот драфт. Со тоа е нарушен интегритетот на спортот и на лигата, за што мораше да следи соодветна казна“, објавија од раководството на НБА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

