Со натпреварот меѓу актуелниот шампион и најдобар играч на сите времиња Рони О’Саливен и Кинезот Жунксу Панг денеска во театорот „Крусибл“ во Шефилд почнува Светското првенство во снукер.
Како ретко која година претходно, ниту еден од топ играчите не беше на високо ниво во текот на целата сезона, па дел од експертите сметаат дека токму ова е онаа година кога можеби некој нов ќе се запише на листата на Светски шампиони.
Рони О’Саливен кој годинава ќе ја нападне осмата (рекордна титула) во новата ера во „Крусибл“ има сезона со многу падови и проблеми, не само на снукер масата туку и надвор од неа.
Џад Трамп, Нил Робертсон, Џон Хигинс, Марк Селби и Марк Вилијамс кои се дел од луѓето кои стигнале до титулата, немаат сезона за паметење. Единствен кој е во нагорна линија е шампионот од 2005 година, Шон Марфи кој во последните неколку месеци игра како во најдобрите денови, а солидна сезона имаше и Марк Ален кој се уште нема титула на Светските првенства.
Новиот снукер шампион ќе биде познат на 1. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

