Лисандро Мартинез ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната на Манчестер Јунајтед по повредата што аргентинскиот дефанзивец ја заработи на синоќешниот дуел од Лигата на Европа против Севилја.
Веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен бидејќи Мартинез падна во агонија иако воопшто немаше дуел со противнички играч, по што на рацете на фудбалерит на Севилја беше изнесен од теренот. Деталните лекарски прегледи само потврдиле дека станува збор за сериозен проблем со стопалото, поради кој ќе следи пауза од најмалку два месеци.
Се очекува Тен Хаг уште неколку седмици да не може да смета ниту на Рафаел Варан, кој исто така се повреди против Севилја, а повреден е и најдобриот стрелец на тимот, англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

