Абердин се зацврсти на третото место во шкотската Премиер-лига откако тимот на нашиот Бојан Миовски славеше на вечерашното гостување против Рос Каунти со минимални 0-1. Ова е шести триумф во низа на Абердин, со што екипата на македонскиот голгетер го продолжува походот за излез во фудбалска Европа за наредната сезона.
Дук беше стрелец на единствениот погодок на натпреварот во 16. минута, кога во период на доминација на домашниот состав Абердин сепак успеа да стигне до предност.
Миовски успеа да се запише меѓу стрелците на самиот почеток од второто полувреме, неколку гостински навивачи дури и влетаа на теренот за да го прослават погодокот со нашиот репрезентативец, но радоста кратко траеше бидејќи една минута подоцна голот беше поништен поради офсајд по интервенција од ВАР-собата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

