Лацио гази сигурно кон место во ЛШ

Серијата одлични игри на Лацио продолжи и на вечерашниот триумф против Специја, со убедливи 0-3, четврта победа во серија за тимот на Маурицио Сари, кој уште повеќе се зацврсти на второто место на калчолигашката табела.

Римјаните беа подобар ривал на теренот и заслужено стигнаа до водство во 36. минута, кога Чиро Имобиле од пенал го совлада домашниот голман. На 0-2 во второто полувреме зголеми Алберто, а конечните 0-3 во самиот финиш ги постави „резервистот“ Антонио.

Лацио сo оваа победа има вкупно 61 бод, дури осум повеќе (и натпревар повеќе) во однос на третопласираната Рома.

Се вчитува...