Рајо Валјекано конечно ја прекина црната серија од нешто повеќе од два месеци без триумф во Ла Лига, откако тимот на нашиот Столе Димитриевски славеше на домашен терен против Осасуна со 2-1.
Димтириевски и соиграчите последен пат се радуваа на 6 февруари против Алмерија, потоа Рајо падна во резултатска криза, но македонскиот голман и неговите соиграчи вечерва одговорија на предизвикот и го совладаа незгодниот гостин. Мечот беше решен уште во првото полувреме, кога Рајо поведе со 2-0 со головите што ги постигнаа Хернандез (автогол) и Палазон.
Осасуна во второто полувреме успеа да намали преку Гомез, со еврогол при кој Димитриевски немаше шанси да интервенира, но Рајо одолеа во завршницата и заслужено ги освои трите бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

