„Новак губитнику eден… Погледни ги Роџер и Рафа“

Новак Ѓоковиќ го заврши својот настап на мастерсот во Монте Карло, со поразот од Италијанецот, Лоренцо Музети во осминафиналето. Сепак, и два дена по овој пораз целата светска јавност се занимава со однесувањето на Србинот на прес-конференцијата по мечот на која како никогаш досега не беше расположен за муабет.

Дел од навивачите ширум светот го нападнаа за ова однесување, велејќи дека е лош губитник и дека никогаш нема да биде Федерер и Надал.

„Каков лош губитник е Ѓоковиќ. Тоа е тој Ѓоковиќ, лош губитник, ни недостасуваше. Добре дојде назад, другар! А луѓето велат дека имавме голема тројка… Овој човек никогаш не може да се спореди со Федерер и Надал!. Ѓоковиќ треба да земе лекции од Надал и Федерер како да се однесуваат скромно и достоинствено кога губат. Грациозниот“ губитник“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи по прес-конференцијата на Ѓоковиќ.

 

Се вчитува...