Миовски е миленик на навивачите на Абердин: Голот му беше поништен со ВАР, но реакцијата на фановите е бесценета (ВИДЕО)

Абердин се зацврсти на третото место во шкотската Премиер-лига откако тимот на нашиот Бојан Миовски славеше на вечерашното гостување против Рос Каунти со минимални 0-1. Ова е шести триумф во низа на Абердин, со што екипата на македонскиот голгетер го продолжува походот за излез во фудбалска Европа за наредната сезона.

Миовски успеа да се запише меѓу стрелците на самиот почеток од второто полувреме, но радоста кратко траеше бидејќи една минута подоцна голот беше поништен поради офсајд по интервенција од ВАР-собата.

Сепак, ситуацијата која што го обележа овој натпревар, а шкотските медиуми и ден подоцна пишуваат е неверојатната реакција на фановите на клубот, на кои Миовски им е миленик. Буквално во наплив на среќа тие влегоа на теренот и му се пуштија во прегратка на македонскиот интернационалец.

 

Ross County 0-1 Aberdeen – Miovski disallowed goal for offside ’47
by u/awatt12 in ScottishFootball

Се вчитува...