Новата фризура на Јокиќ е главна вест во американските медиуми (ВИДЕО)

Српскиот центар Никола Јокиќ го украде шоуто на тренингот на Денвер, а тоа е поради неговата нова фризура.

Нагетс во плеј-офот за ривал ќе ја имаат Минесота, а додека се подготвуваат за оваа серија цела Америка говори за момчето од Сомбор, кое драстично го промени својот имиџ.

Јокиќ овој пат ја смени фризурата, потстрижувајќи малку повеќе коса од страна, отколку што обично прави, додека фризерот „горе“ не чепкаше ништо.

Видеото од тренингот на кој Јокиќ е главен актер поради неговиот нов изглед набрзо стана вирално.

 

Се вчитува...