Актуелниот шампион на Македонија без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Бутел со 24-30 во натпревар од 10. рунда во ракометната Суперлига на Македонија и со тоа ја продолжи борбата со Еурофарм Пелистер за титулата.
Лоша вест за „црвено-црните“е повредата на полскиот интернационалец Чувара, кој во финишот го повреди коленото, па на рацете на своите соиграчи беше изнесен од теренот. Дополнителните прегледи ќе покажат колкава ќе биде паузата на Полјакот, но најверојатно сезоната за него е завршена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА