Во Струга малку недостасуваше на полувремето да има сензационално водство на „фенерџијата“ Победа. Прилепскиот тим во 19. минута успеа да погоди во мрежата на Ќосевски, но лидерот на табелата во 43. минута успеа да дојде до „егал“, а потоа во втората минута од судиското надополнување и до водство.
Иако во поголемиот дел од првиот дел Струга, очекувано, ја имаше иницијативата, прилепчани стигнаа до сензационално водство. Веднаш по примениот гол две колосални шанси на Струга ТЛ кои не беа искористени, за Бојку со удар од 19-20 метри го совлада Котевски за израмнување. Во судиското надополнување пенал за лидерот кој во гол го претвори Бесарт Ибраими за предност на стружани.
Наско Милев донесе предност на Шкендија во дуелот со Тиквеш. Голот падна во 43. минута од средбата, и Шкендија е вториот тим кој има предност.
На другите мечеви, интересно и натаму е без голови. Мрежите мируваат во Ѓорче Петров на средбата Македонија ЃП – Академија Пандев, во Велес на дуелот Работнички – Скопје и во Кратово каде играат Силекс и Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА