Воска спорт дополнително се зацврсти на врвот од табелата во Втората македонска фудбалска лига откако во 24. коло триумфираше убедливо со 0-4 на гостувањето против Тетекс. Сега Воска Спорт има плус три бода пред Вардар на врвот, а четири бода од третопласираниот Гостивар.
Пелистер исто така со убедливи 4-0 го победи Борец, а Слога Виница со 2-3 триумфираше на гостувањето против Беласица.
Арсими ја победи Каменица Саса со 2-1, а Детонит и Караорман одиграа натпревар без голови.
ВТОРА ЛИГА – 24. КОЛО
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 4-0
БЕЛАСИЦА – СЛОГА ВИНИЦА 2-3
АРСИМИ – КАМЕНИЦА САСА 2-1
ДЕТОНИТ – КАРАОРМАН 0-0
ОХРИД – ЛОКОМОТИВА 1-1
ТЕТЕКС – ВОСКА СПОРТ 0-4
КОЖУФ – БЕСА 2-0
ВЧЕРА
ВАРДАР – ГОСТИВАР 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА