Рубљов е прв финалист на Мастерсот во Монте Карло

Рускиот тенисер Андреј Рубљов е првиот финалист на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло. Рускиот тенисер во првото полуфинале денеска славеше против Американецот Тејлор Фриц со 2-1, по сетови 5-7, 6-1 и 6-3.

Натпреварот кој поради дождот се одолжи донесе многу возбудувања во кои на крајот подобро се снајде Рубљов. Првиот сет му припадна на Американецот со 7-5, додека во вториот возврати Русинот со убедливи 6-1.

На стартот на третиот сет следеше прекин поради дожд, а по враќање Рубљов продолжи со одличната игра за ново финале во кнежевството. Таму за противник ќе го има подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Јаник Синер и Холгер Руне.

Се вчитува...