Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски не ја круниса со победа одличната партија откако неговиот Мезоковешд загуби на домашен терен од Вашаш со 1-4 во натпревар од 27. коло во унгарската Прва-лига.
Македонскиот интернационалец донесе водство за својот тим од 1-0 со погодокот од пенал во 11. минута. Сепак, гостите заиграа подобро и на крајот се радуваа на конечен триумф од 1-4.
Погодокот на Давид Бабунски можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА