Ракометарите на Охрид стигнаа до голема победа на домашен терен од 22-21 против Тиквеш во директниот натпревар кој одлучува за четвртата позиција во Суперлигата која следната сезона води во европските натпреварувања.
Двата тима одиграа еден тесен и трилер натпревар во кој домаќините на крилата на охридската публика на крајот успеаја да се радуваат на конечен триумф од 22-21. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Гал Цицар со шест гола, додека кај поразените Арнад Хамзиќ заврши со истиот број на погодоци.
Денеска на програмата беа и два натпревари од плеј-аут фазата. Во мечот во кој немаше големо резултатско значење Струга на домашен терен славеше против Прилеп со 21-19. Петар Маркоски со седум гола беше прво име во победничкиот табор со седум гола, додека кај поразените Давор Шокоски постигна пет гола.
Во вториот натпревар Скопје 2020 стигна до многу важна победа во битката за опстанок на домашен терен против Вардар Неготино од 33-28. Мишевски и Јакимовски со по седум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените девет гола постигна Лазар Адамовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА