Никој не го сака Боели во Челси: Навивачите влегоа во расправа со својот сопственик

Фудбалерите на Челси доживеаја нова бламажа во Премиерлигата откако загуби на домашен терен од Брајтон со 1-2 во натпревар од 31. рунда. Тоа донесе револт на трибините, а дел од него беше и новиот газда Тод Боели.

Навивачите беа незадоволни од епилогот и му дофрлаа зборови на новиот сопственик на „сините“ од Лондон, а и тој не остана должен. Им возврати и влезе во расправија со нив.

Се вчитува...