Најдобриот македонски кошаркарски стратег и неговата ЦСКА Москва поведоа со 1-0 во полуфиналната серија во ВТБ лигата против Локомотив Кубан откако вечерва во првиот натпревар во трилер меч славеа на домашен терен со 87-84.
Гостите подобро го отворија мечот и по десет минути игра имаа позитива од три поени 21-24. Слично се движеше и втората четвртина во која исто така за нијанса беше подобар тимот од Кубањ кој на полувреме имаше предност од (40-46). Во третиот период Локомотив успеа се уште да ја задржи предноста и во последните десет минути да влезе со плус седум 58-65.
Конечно играчите на Рајковиќ ја покажаа својата класа и во суперзавршница на крајот успеаја да стигнат до конечен триумф од 87-84 и предност од 1-0. Каспер Вер со 27 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените 20 постигна Девон Парсел.
Во второто полуфинале Ненад Димитријевиќ со неговиот Уникс Казањ утре ќе ја почне серијата против Зенит Санкт Петерсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА