Алиоски повторно стартер, Фенербахче победи со Анкарогучу

Македонскиот репрезентативен бек Езгијан Алиоски повторно се најде во стартниот состав на својот Фенербахче во победата на домашен терен од 2-1 против Анкарогучу во натпревар од 29. коло во турската Суперлига.

Иако го имаа поседот и беа подобар противник домаќините не успеаја да го пробијат бедемот на гостите, па казната стигна во 81. минута со голот на Соу. Сепак домаќините успеаја да изедначат преку Едер Валенсија од пенал во 87. минута. Триумф за Фенербахче донесе Креспо во 96. минута.

Езгијан Алиоски повторно се најде во стартниот тим и ги одигра сите 90 минути.

 

Се вчитува...